Достапни линкови

Асанж ќе ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон


Џулијан Асанж

Џулијан Асанж

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж денеска изјави дека наскоро ќе ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон каде што престојува над две години. 43 годишниот Асанж се засолни таму за да ја избегне екстрадицијата во Шведска под сомневање за сексуално злоставување. Според него, тоа било само изговор на властите во Стокхолм за да можат да им го предадат на Соединетите држави кои го бараат за објавување тајни американски преписки на Викиликс во 2010 година.

XS
SM
MD
LG