Достапни линкови

Национална гарда за спречување на нередите во САД


Гувернерот на Мисури Џеј Никсон изјави дека денеска наредил распоредување припадници на Националната гарда во предградието на Сент Луис каде што пред една недела полицаец уби едно невооружено црно момче. Полицијата во Фергусон, соопшти дека за време на синоќешните протести се соочила со координирани напади, вклучувајќи со огнено оружје и со молотови коктели. Полицијата била принудена да употреби солзавец за да ги растури демонстрантите. Министерот за правда Ерик Холдер вчера нареди повторна аутопсија на убиеното момче. Весникот Њујорк тајмс наведува дека, според премилиминарните резултати, 18 годишниот Мајкл Браун бил погоден со шест куршуми, од кои два во главата.

XS
SM
MD
LG