Достапни линкови

logo-print

Москва: прогрес на разговорите за Украина


Руското министерство за надворешни работи во денешното соопштение оцени дека бил постигнат одреден напредок за време на четирипартитните разговори за Украина што се одржаа во Берлин. Руското министерство прецизира дека бил постигнат договор за натамошни разговори кои би можело да водат до предлози за деескалација на кризата. На петчасовниот состанок учествуваа министрите за надворешни работи на Русија, Украина, Германија и Франција. Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер оцени дека разговорите биле тешки, но оти имало извесен напредок. Во меѓувреме, големиот руски конвој со хуманитарна помош за Луганск и Доњецк и натаму е во близина на границата со Украина. Црвениот крст ја продолжува контролата на товарот.

XS
SM
MD
LG