Достапни линкови

АРМ oдбележува 22 години од основањето


Централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија ќе се одржи денеска попладне во Центарот за обука на вода во Охрид. На свеченоста е најавено присуство на претседателот и врховен командант Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, претставници на дипломатскиот кор и воените аташеа акредитирани во земјата. Со пригоден говор на присутните ќе им се обратат претседателот Иванов и министерот за одбрана Јолевски. По повод 18 август синоќа во касарната „Илинден“ во Скопје беше извршена почесна артилериска стрелба.

XS
SM
MD
LG