Достапни линкови

Земјотрес го погоди западниот дел на Иран


Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди западниот дел на Иран, соопштија од американскиот центар за геолошко истражување. Од таму соопштија дека епицентарот на потресот бил на 36 километри југоисточно од градот Абданан во близина на границата со Ирак. Земјотресот го почуствувале и во соседните провинции. Засега нема извештаи за жртви или штети. Земјотресите се чести во Иран. Во април минатата година, земјотрес со магнитуда од 7,8 степени го погоди југоисточниот дел на Иран и соседен Пакистан, при што загинаа 40 луѓе. Во 2003 година, околу 26 илјади луѓе загинаа од земјотресот кој го срамни југоисточниот град Бам.

XS
SM
MD
LG