Достапни линкови

САД ги засилија воздушните напади во северен Ирак


САД ги засилија воздушните напади во северен Ирак во обид да им помогнат на курдските сили да ја повратат контролата врз браната Мосул. Курдските власти вчера соопштија дека нивните борци, кои имаат американска воздушна поддршка, се блиску до целосно преземање на контролата врз браната, која беше заземена од милитантите на Исламската држава на 7 август.

Американската армија соопшти дека извршила девет воздушни напади врз исламистичките милитанти во близина на браната Мосул во саботата и уште 14 вчера. Белата куќа соопшти дека падот на браната може да ги загрози животите на многу цивили, вклучително и американски персонал и нивни објекти и да ѝ отежни на ирачката влада да му ги овозможи неопходните услуги на населението. Исто така се соопштува дека мисијата ќе биде ограничена во траење и во обем.

XS
SM
MD
LG