Достапни линкови

logo-print

„Забранета“ свадба во Израел


Илустрација.

Илустрација.

Во Тел Авив вчера се одржа свадба меѓу муслиман и еврејка која пред свадбата премина во ислам, во услови на високо ниво на безбедност во Израел. Околу 200 демонстранти протестираа пред салата каде се одржувала церемонијата извикувајќи „Смрт за Арапите.“ Двојката неуспешно се обиде да набави судски налог за да се забрани протестот на екстремно десничарската еврејска група Лехава, но полицијата успеа да ги задржи демонстрантите на 200 метри од прославата. Четворица демонстранти биле уапсени за непочитување на полициските инструкции. Во исто време се одржаа и контра протести во знак на поддршка на бракот на двојката.

Во Израел во последните недели, со почетокот на судирите во Газа се зголемени тензиите меѓу евреите и Арапите.

XS
SM
MD
LG