Достапни линкови

Британија - пронајдените мигранти се од заедницата Сики


Илустрација - припадници на заедницата Сики.

Илустрација - припадници на заедницата Сики.

Британските власти кои ја истражуваат смртта на еден мигрант во бродски контејнер соопштија дека жртвата и 34-та преживеани се Авганистанци од заедницата Сики. Полицијата првично сметаше дека се работи за Индијци. Групата пристигна во британското пристаниште Есекс во саботата на брод од Белгија. Еден човек беше пронајде мртов, а другите беа однесени во болница поради дехидрираност и хипотермија. Меѓу мигрантите има и 13 деца под 12-годишна возраст. Поради смртта на еден од мигрантите британската полиција почна истрага за убиство. Во Авганистан живеат околу 3 илјади Сики кои имаат долга историја на верска дискриминација и малтретирање.

XS
SM
MD
LG