Достапни линкови

По „тешки“ преговори „одреден прогрес“ за кризата Украина


Разговори за кризата во Украина во Берлин.

Разговори за кризата во Украина во Берлин.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Волтер Штајнмаер изјави дека разговорите за кризата во Украина во Берлин биле „тешки“, но дека е направен „одреден прогрес“. Тој ова го изјави по петчасовната средба со неговите колеги од Русија, Украина и Франција.

Штајнмаер рече дека министрите треба да им поднесат извештаи на лидерите во нивните земји и оти денеска и утре веројатно ќе се договорат како да ги продолжат разговорите кои треба да доведат до прекина на огнот во источна Украина, каде што владините сили војуваат со проруските сепаратисти.

Киев вчера тврдеше дека владините сили ја презеле контролата врз полициска станица во градот Луганск, кој е под контрола на бунтовниците. Украинските власти исто така соопштија дека во изминативе 24 часа до бунтовниците било доставено оружје од Русија. Претходно, украински претставници соопштија дека бунтовниците погодиле украински воен авион над регионот на Луганск.

XS
SM
MD
LG