Достапни линкови

Курдските сили напредуваат во офанзивата кај Мосул



Курдските сили напредуваат во офанзивата за преземање на браната во Мосул од милитантите на исламската држава ИС,а сунитските Арапи и ирачките безбедносни сили се борат против милитантната група западно од Багдад. Курдски официјални лица изјавија дека курдските сили поддржани од американски воени авиони,денеска влегле во селата Телсков и Рисала, околу 30 километри северно од Мосул.Нивниот напредок бил попречуван од крајпатните бомби поставени од милитантите. Во меѓувреме, во провинцијата Анбар, западно од Багдад, безбедносните сили поддржани од сунитската арапска полиција имале пробив западно од главниот град на провинцијата, Рамади.

Милитантите од Исламската Држава зазедоа делови од Ирак и Сирија и раселија милиони луѓе.Повеќе од 200.000 луѓе, претежно јазиди и христијанските верски малцинства, ги напуштија своите домови, поради нивните закани.

XS
SM
MD
LG