Достапни линкови

Индонезија -Потона туристички брод


Туристички брод со 25 патници потона додека едрел помеѓу островите во источниот дел на Индонезија.10 туристи и пет Индонезијци се водат за исчезнати.
Десет патници успеале да се спасат,а бродот потонал додека пловел од островот Ломбок на островот Комодо.

Претставник на спасувачкиот тим соопшти дека се спасени 10 странски туристи и дека потрагата по исчезнатите е во тек.

Спасените се туристи од Нов Зеланд, Велика Британија, Шпанија, Холандија, Германија и Франција, а засега не е познато од кои земји туристи се водат за исчезнати.

XS
SM
MD
LG