Достапни линкови

Разговори за прекин на огнот во Газа


Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел нема да прифати долгорочен прекин на огнот во Газа на разговорите во Каиро, се додека безбедносните потреби на Израел не се исполнети. Нетанјаху ова го кажа додека во исто време израелските и палестинските преговарачи пристигнаа во Каиро за продолжување на разговорите со посредство на Египет. Портпаролот на Хамас изјави дека Палестинците нема да се повлечат од своите барања, вклучувајќи и укинување на израелско-египетската блокада врз Газа. Разговорите се одвиваат во текот на петдневниот прекин на огнот, кој истекува во понеделник на полноќ.Преговорите се со цел ставање крај на најновата војна меѓу Израел и милитантите предводени од Хамас во појасот Газа.Израел сака гаранции за прекинување на ракетните напади и нападите врз нејзините граѓани. Речиси 2.000 Палестинци и 67 Израелци загинаа во борбите од 8 јули.

XS
SM
MD
LG