Достапни линкови

Нови напади врз исламистите во Ирак


Курдските сили поддржани од американски воени авиони го бомбардираа подрачјето во близина на најголемата хидроцентрала кај градот Мосул која курдските сили се обидуваат да ја преземат од исламистите соопшти американската воена команда за Блискиот Исток.

Генералот Абделрахман Koрини изјави дека курдските војници ја презеле контролата врз источната страна од браната.
Американската војска соопшти дека во девет воздушни напади против исламистите во близина на курдскиот град Арбил, и браната во Мосул се уништени четири оклопни возила и седум други вооружени возила.
Од браната во Мосул се обезбедува електрична енергија за поголем дел од регионот а особено е важна за земјоделството.

XS
SM
MD
LG