Достапни линкови

Украинските сили зазедоа полициска станица во Луганск


Украинските владини сили денеска презеле полициска станица во Луганск која била под контрола на про-руските сепаратисти од април. Градот е опкружен со украински сили, изјави портпаролот на армијата, Андриј Лушенко.Тој дополни дека нова воена опрема, вклучувајќи и три ракетни систем, е видено како пристигнуваат во Украина од Русија во изминатите 24 часа. Претходно, украински официјални лица соопштија дека бунтовниците собориле украински борбен авион над Луганск. Тие рекоа дека пилотот кој успелал да го напушти авионот е спасен од украинските сили. Додека борбите продолжуваат Министрите за надворешни работи на Украина, Русија, Германија и Франција денеска попладне треба да имаат разговори во Берлин за ситуацијата во Украина.

XS
SM
MD
LG