Достапни линкови

Милитантите обвинети за масакрите во Сирија


Милитантите од Исламската држава (ИС) се обвинети за масакрирањето на стотици луѓе во Сирија и Ирак. Сириската група Група за човекови права соопшти дека околу 700 племенски припадници се убиени во Сирија во текот на две недели. Во Ирак, официјални лица соопштија дека најмалку 80 мажи на религиозното малцинство Јазиди вчера биле убиени во едно село во провинцијата Нинева , а жените и децата биле заробени. Во меѓувреме, курдските сили поддржани од американски воени авиони започнаа со напад околу браната на Мосул, во северниот дел на Ирак, која беше окупирана од милитантите овој месец. Браната обезбедува електрична енергија за поголем дел од регионот и е од клучно значење за земјоделството во регионот.

XS
SM
MD
LG