Достапни линкови

Берлин -Министрите за надворешни работи за Украинската криза


Министрите за надворешни работи на Украина, Русија, Германија и Франција се среќаваат денеска во Берлин каде што ќе разговараат за ситуацијата во Украина. Германскиот министер Франк-Валтер Штајнмаер изрази надеж дека разговорите ќе помогнат да се стави крај на судирите во источна Украина меѓу про-владините сили и про-руски сепаратисти, и оти и на тој регион ќе му се овозможи итна помош. Вчера Русија и Украина ги приближија ставовите за пропуштање на конвојот со хумантитарна помош преку украинската граница постигнувајќи договор како да се испита содржината на возилата.Но, се уште нема безбедносни гаранции во местото за претставниците на Црвениот крст кои уште се наоѓаат на руската граница.Претходно официјален Киев изнесе тврдење дека владините сили уништиле руски оклопен конвој, а еден самопрогласен сепаратистики лидер објави дека на проруските бутовници им стигнува засилување од Русија.

XS
SM
MD
LG