Достапни линкови

Времето денеска-облачно со сончеви периоди


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен, северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина од над 60 километри на час.

Температурата ќе се движи од 21 до 31 степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со северен ветер. Температурата ќе достигне до 28 степени.

УВ индексот ќе изнесува 7.

Од утре температурите ќе бидат во благ пораст.

XS
SM
MD
LG