Достапни линкови

Тодоров: Постои само еден извор на листерија


Не беше дозволиво што различни институции во една вака сложена ситуација полемизираа меѓусебно и на тој начин се создаде забуна во јавноста за тоа дали е детектирана листеријата. Сите лаборатории во кои се испраќаат примероците се акредитирани за детекција на бактеријата. Врз основа на испитувањата станува збор за еден извор на листерија.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Никола Тодоров кој го водеше состанокот на Комисијата за заразни болести. Тој посочи дека сите заболени од листерија консумирале сувомеснати производи од една компанија. Истакна оти знаеле дека ќе бидат негативни мострите особено поради фактот што инспекторите кои биле во производствените капацитети на компанијата, информирале дека „просториите и машините буквално биле потопени со средство за дезинфекција“.

- Нормално е дека ќе бидат негативни мострите бидејќи се направени 15-20 дена откако е детектирана листеријата и откако се преземени сите мерки за дезинфекција или хигиенски мерки кои се неопходни за чистење на машините и просторот. Што значи дека беше многу очигледно дека ќе бидат негативни резултатите. Од типизацијата која беше направена беше покажано дека станува збор за идентичен извор на листерија на сите заболени, рече Тодоров.

Очекувам дека Основното јавно обвинителство ќе ги цени доказите кои сме ги доставиле, ќе обезбеди и други докази во постапката која ја води и ќе излезе со соодветна процедура, посочи Тодоров.

XS
SM
MD
LG