Достапни линкови

Шпигел: Германија го прислушкувала Кери по телефон


Германската разузнавачка служба прислушувала еден телефонски разговор на американскиот државен секретар Џон Кери, пишува неделникот Шпигел во своето неделно издание.
Германската разузнавачка служба "случајно го прислушувала "
телефонскиот разговор на Кери во 2013 година, пренесува Шпигел не
цитирајќи извор, додавајќи дека Кери тогаш за време на разговорот ги споменувал тензиите на Блискиот Исток.
Шпигел смета дека владата на Германија во 2009 година дала налог на разузнувачката служба да ја шпионира Турција, која е партнер во рамки на НАТО.
Берлин на почетокот на јули го протера шефот на американската разузнавачка служба во Германија по приведувањето
на две лица осомничени дека шпиунирале за САД.

XS
SM
MD
LG