Достапни линкови

logo-print

Крим бара да биде иземен од Руското ембарго на храна


Кримската влада бара полуостровот да бидат иземен од санкциите со храна кои Русија ги воведе против Украина.

Министерот за земјоделство на Крим , Николај Полушкин изјави дека ова барање е доставено до руските министри кои дошле на Крим на состаноци на владата претходниот ден. Тој рече дека Крим и Украина се како "сијамски близнаци" и оти полуостровот е зависен од Украина, особено во однос на млечни производи, но исто така дека има потреба и од компири, говедско месо, домати и пченка од Украина. Тој рече дека Кримските власти очекуваат одлука за ослободување следната недела.
Русија воведе забрана за увоз на повеќето прехранбени производи од ЕУ, Канада, Австралија, Норвешка и САД како одговор на западните санкции поради акциите на Москва во источна Украина и анексијата врз Крим.

XS
SM
MD
LG