Достапни линкови

logo-print

Ирак-Милитантите масакрирале 80 луѓе


Милитантите во северен Ирак, масакрирале најмалку 80 луѓе припадници на Језидите во едно село и киднапирале жени и деца,јавуваат агенциите.

Членови на групата "Исламска држава" влегле во селото Кочо, 45 километри од Синџара и им наредиле на мажите да се преминат во исламот или ќе бидат убиени.

Курдски официјални лица го потврдија нападот во Кочо.

"Тие дојдоа вчера попладне со автомобили и почнаа да убиваат луѓе", изјави претставникот на курдите Хошјар Зебари.

Според податоците на ОН од јуни поради насилства во Ирак се раселени над 500,000 луѓе со што вкупниот број на раселени оваа година изнесува над 1 милион луѓе.

XS
SM
MD
LG