Достапни линкови

Сунитите најавуваат подршка во борбата против милитантите


Сунитски племенски лидери во Ирак соопштија дека условно го подржуваат ново-именуваниот премиер Хајдар ал Абади и дека може да се придружат во борбата против милитантите од Исламската држава. Али Хатем Сулејман кој е племенски лидер во провинцијата Анбар, изјави дека е подготвен да работи со Абади, ако тој ги почитува правата на сунитската заедница. Таха Мухамед ал-Хамдон портпарол на сунитските племенски лидери изјави дека сунитските претставници во Ирак ќе состават листа на барања за новата влада. Повеќе домашни и странски лидери се надеваат дека Абади ќе ги убеди племенски лидери - кои претходно застанаа на страната на бунтовниците да ја сменат политиката и да ја подржат владата.

XS
SM
MD
LG