Достапни линкови

Штајнмаер во посета на Ирак


Министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер денеска се сретнува со ирачкиот претседател Фуад Масум во Багдад, еден ден откако министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија да ги вооружат курдските сили да се борат против милитантите на Исламската држава. Во фокусот на разговорот е политичката и безбедносната ситуација и потребата од помош за десетици илјади раселени во северен Ирак кои се протерани од милитантите. Штајнмаер треба да се сретне со мандаторот Хајдер ал-Абади и претседателот на Курдската регионална влада Масуд Барзани на разговори за понатамошна германската воена помош.

XS
SM
MD
LG