Достапни линкови

logo-print

Папата Франциско ги прогласи за блажени 124 католички маченици


Папата Франциско вчера во Сеул ги прогласи за блажени 124 јужно -корејски католички маченици, кои биле егзекутирани во 18 и 19 век.
Посетата на папата Франциско на Јужна Кореја беше прва посета на еден папа на Азија од 1999 година. Папата и овој пат остро го осуди потрошувачкото општество, кое како што рече е одговорно за безнадежност што води до злоупотреба на дроги и самоубиства.
Меѓу прогласените за блажени маченици е и Пол Јун Ји Чунг, кој во 18-ти век се обидел да ја погребе својата мајка според католичката традиција, не почитувајќи ги традиционалните обреди.
Според податоците на Црквата, околу 10.000 Корејците беа егзекутирани по воведувањето на католицизмот во областа во 1784.

XS
SM
MD
LG