Достапни линкови

logo-print

Исламабад- Протести на опозицијата против премиерот Шариф


Пакистанскиот опозициски политичар Имран Кан изјави дека ќе продолжи да ги предводи протестите во Исламабад, заедно со илјадници негови поддржувачи, додека премиерот Наваз Шариф не се повлече. Кан кој е поранешен познат играч на крикет , тврди дека изборите во мај во 2013 година на кои Шариф освоил победа биле лажирани. Судирите избувнаа во источниот град Гурјанвала вчера кога илјадници демонстранти предводени од Кан се упатија кон Исламабад. Официјални лица од партијата на Кан Техрик –Инсаф изјавија дека биле истрелани куршуми кон нивниот конвој, но полицијата тоа го негираше.

XS
SM
MD
LG