Достапни линкови

САД бара Русија да престане со провокациите во Украина


САД бара од Русија да престане со исклучително опасните и провокации за дестабилизирање на Украина. Портпаролот на Белата куќа Катлин Хајден ја предупреди Москва дека интервенирањето во Украина без дозвола од Киев е неприфатливо . Таа рече дека имало ескалација на руските активности во последните неколку недели насочени кон дестабилизирање на ситуацијата во источна Украина. Белата куќа соопшти дека не може да ги потврди извештаите дека Украина уништила оклопни возила, кои биле дел од рускиот конвој што влегол во Украина пред два дена. Во соопштението се вели дека Русија нема право да испраќа превозни средства, лица или товар во Украина без дозвола од украинската влада.

XS
SM
MD
LG