Достапни линкови

Времето денеска -сончево со мала локална облачност


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Температурата од 25 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Температурата до 33 степени.

Утре ќе почне да се спушта посвежа воздушна маса од север што ќе услови постепено опаѓање на дневната температура.

Ова особено ќе биде изразено во недела, кога ќе дува засилен северен ветер, ќе има слаб локален дожд, а температурата ќе се спушти за околу седум степени во однос на денешната.

Од понеделник температурата ќе биде во благ пораст.

XS
SM
MD
LG