Достапни линкови

Нов случај на листерија во Македонија


Нов случај на листерија бил потврден кај 16-годишно девојче од Неготино, кое е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Претседателот на Комисијата за заразни болести, Звонко Миленковиќ изјави дека здравствена состојба на пациентката е задоволителна.

Според него, има први знаци на лесно клиничко подобрување, но се уште постои витална загрозеност. Девојчето е десетти потврден случај на листерија во Македонија од јуни до денеска, а досега починаа четири лица.

XS
SM
MD
LG