Достапни линкови

logo-print

ЕУ расправа за вооружување на курдските сили во Ирак


Припадници на курдските сили во Ирак.

Припадници на курдските сили во Ирак.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ разговараат денеска во Брисел дали да ги вооружат курдските сили кои се борат со милитантите од Исламската држава во Ирак. Францускиот министер за надворешни работи Лорент Фабиус пред средбата ја повика ЕУ да се мобилизира и да му помогне на Ирак и Курдите.

Франција веќе им испрати оружје на курдските сили, а Британија соопшти дека ќе ги земе во предвид барањата. Германија се согласи да ја разгледа можноста за снабдување со опрема која не е смртоносна. Чешкото министерство за надворешни работи соопшти дека ќе им испрати оружје на курдските сили до крајот на август.

XS
SM
MD
LG