Достапни линкови

Украина ја започнала инспекцијата на рускиот конвој


Рускиот хуманитарен конвој.

Рускиот хуманитарен конвој.

Украинските власти ја започнале инспекцијата на рускиот конвој кој пренесува хуманитарна помош. Русија соопшти дека конвојот се состои од 250 камиони со вода, храна и друга помош за луѓето во источна Украина. Во меѓувреме ЕУ изрази загриженост за наводите дека руски воени возила влегле во територијата на Украина.

Британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд предупреди на сериозни последици доколку возилата не бидат веднаш повлечени. Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен изјави дека рускиот упад се случил преку ноќ, но не го карактеризираше како инвазија. Според него, тоа го потврдува фактот дека Русија ја снабдува со оружје и борци источна Украина и е демонстрација на вмешаноста на земјата во дестабилизација на регионот.

XS
SM
MD
LG