Достапни линкови

НАТО истражува дали руски воени возила влегле во Украина


. Портпаролката на Алијансата, Оана Лунгеску.

. Портпаролката на Алијансата, Оана Лунгеску.

НАТО ги истражува наводите дека руски воени возила можеби ја преминале границата со Украина. Портпаролката на Алијансата, Оана Лунгеску изјави дека доколку биде потврдено, тоа ќе биде уште еден доказ оти Русија го прави спротивното, од тоа што го кажува. Според неа, Русија треба да ги повлече своите трупи и да престане со испораката на оружје и борци во Украина, како и да стави крај на поддршката на сепаратистите и да започне дијалог со властите од земјата. Британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд изрази загриженост за информациите.

XS
SM
MD
LG