Достапни линкови

Германија испраќа помош за северен Ирак


Раселени лица од севрен Ирак.

Раселени лица од севрен Ирак.

Германските власти започнаа да испраќаат помош во северен Ирак, каде илјадници луѓе ги напуштија своите домови поради офанзивата на милитантите од Исламската држава. Првиот германски авион кој носи медицинска опрема, храна, ќебиња и друга хуманитарна помош заминал за Ирбил, главниот град на курдскиот автономен регион во Ирак. Германското министерство за одбрана соопшти дека размислуваат за испраќање опрема како заштитни шлемови и панцири.

XS
SM
MD
LG