Достапни линкови

Поглаварот на Исламската заедница на Косово под истрага


Косово - архива од апсење на осмничени дека се бореле со исламски милитанти во Сирија

Косово - архива од апсење на осмничени дека се бореле со исламски милитанти во Сирија

Косовската полиција започна истрага против поглаварот на Исламската заедница на Косово, Наим Трнава поради финансирање од сомнителни извори и именување на сомнителни личности за имами.

Под полициска истрага се и неколку имами од џамиите од Призрен, Качаник, Генерал Јанковиќ и Драгаш. Во Косово вчера беше уапсен еден од главните иницијатори на џихадот во земјата, имамот од џамијата во Гњилане, Зекрија Ќазими.

Косовската полиција во понеделникот уапси 40 лица под сомнеж дека се членови на терористичките групи Исламска држава и Ан Нусра кои дејствуваат во Ирак и во Сирија.

XS
SM
MD
LG