Достапни линкови

Украинците во инспекција на рускиот конвој


Украинската армија соопшти дека нивни граничари ја минале границата со Русија за да почнат инспекција на рускиот хуманитарен конвој кој од вчера се наоѓа во близина на рускиот град Каменск - Шахтински на 20 километри од границата со Украина.

Русија соопшти дека конвојот се состои од 250 камиони со вода, храна и друга помош за луѓето во источна Украина. Десетици руски оклопни возила и транспортери се распоредени во близина на рускиот конвој со хуманитарна помош.

Во меѓувреме, на новинарите за "Гардијан" и "Телеграф" вчера јавија дека околу 23 руски оклопни транспортери поддржани со логистички возила влегле во Украина од Русија во областа Ростов.

XS
SM
MD
LG