Достапни линкови

logo-print

Романија - Еврозоната е во рецесија и треба да бараме нови пазари


Романија треба да се насочи кон нови пазари, како што се Турција, Кина, Азија и Африка, бидејќи еврозоната „повторно западна во рецесија“, изјави романскиот премиер Виктор Понта.

Тој рече дека на краток и на среден рок на Русија не може да се смета како на трговски партнер на Романија. - Сите економски врски меѓу Европа и Русија ќе се влошуваат се повеќе и тоа ќе им наштети на економиите на Германија и на другите земји, додаде Понта.

Според податоците на Евростат, објавени вчера, бруто домашниот производ во ЕУ во вториот квартал од годинава порасна за 0,2 проценти во однос на претходното тримесечје, додека економијата во еврозоната забележа нулти раст.

Експертите очекуваа еврозоната да има раст на БДП од 0,1 насто. На годишно ниво, економскиот раст на ЕУ во вториот квартал изнесувал 1,2 проценти, а на еврозоната 0,7 насто.

XS
SM
MD
LG