Достапни линкови

logo-print

То Цецо!


Стефан Богоев, претседател на Социјалдемократската младина.

Стефан Богоев, претседател на Социјалдемократската младина.

По долгата вечер исполнета со весели нумери, Цеца се реши да ја поддржи стратегијата на владата наменета за младите и со силни емоции и елан ја испеа нејзината позната „Иди док си млад“ која е и неофицијална химна на младите во Република Македонија, пишува Стефан Богоев, претседател на социјалдемократската младина во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Студениот и дождлив циклон Бранко кој за инает на владата сакаше да го расипе летото полека, но сигурно си замина. Конечно настапи долгоочекуваното топло лето. Стратегијата на владата за поттикнување на домашниот туризам веднаш почна да ги дава очекуваните резултати за што охриѓани и градоначалникот на Општина Охрид не штедеа зборови за да не ја пофалат владата. Од преголемиот бран на туристи со цел да ослободи кревет плус, охридскиот градоначалник реши да летува во Грција. Програмата и понудата во градот е разновидна и привлече многу млади.

Одбележувањето на 12-ти Август не беше во Скопје и во останатите градови и населени места во државата, што е и до некаде издржано бидејќи таму нема млади.

Па така еден од најголемите настани ова лето беше на самиот почеток на месец Август. Не, тоа не е одбележувањето на Илинден, туку спектакуларниот концерт на Цеца. По долгата вечер исполнета со весели нумери, Цеца се реши да ја поддржи стратегијата на владата наменета за младите и со силни емоции и елан ја испеа нејзината позната „Иди док си млад“ која е и неофицијална химна на младите во Република Македонија. Како и се останато во државава, ни ова не беше случајно туку многу стратешки испланирано од мастермајндите од Илинденска ББ и всушност овој настап и оваа песна на Цеца(која владата ја субвенционираше), беа само вовед во 12 Август, Меѓународниот ден на младите.


Овој ден е ден кој се одбележува во светски рамки, а оваа година темата на денот беше менталното здравје на младите. Иако сите очекувавме некакво којзнае какво одбележување на овој ден од страна на владата и на владејачкиот подмладок, сето тоа изостана. Но, како што и малку погоре реков, мастермајндите од Илинденска ББ не оставаат ништо на случајност, па така и овој пат одлучија дека нашите млади треба на поинаков начин да го одбележат овој ден.

На Роуд шоуто низ градовите во Соединетите американски држави каде што работат нашите млади, премиерот ја искажал својата огромна и нескриена благодарност, затоа што младите успешно ја разбрале песната на Цеца и се осмелиле до побараат работа дури преку големата бара.

Одбележувањето на 12-ти Август не беше во Скопје и во останатите градови и населени места во државата, што е и до некаде издржано бидејќи таму нема млади. Ова ја решава и мистеријата која кружеше во јавноста околу дестинацијата на која премиерот го поминува својот годишен одмор. Не е во Монте Карло кај роднините, не е во душманска Грција, не е ни во пријателска Турција. Заминал заедно со владината свита и неговиот подмладок да го одбележат Меѓународниот ден на младите онаму каде што младите и навистина се, на Work and Travel во САД.


На Роуд шоуто низ градовите во Соединетите американски држави каде што работат нашите млади, премиерот ја искажал својата огромна и нескриена благодарност, затоа што младите успешно ја разбрале песната на Цеца и се осмелиле до побараат работа дури преку големата бара. Ветил дека владата и понатаму ќе продолжи со истото темпо и дека за наредна година ќе обезбеди уште повеќе работни места но овој пат кај тавариш Путин и кај новиот Султан Сулејман.

По успешно завршените средби со младите, премиерот веднаш се упатил на исток за да ги провери условите во кои е планирано младите да работат наредна година како и да договори простор за прослава на Меѓународниот ден на младите во 2015та година. Како што неофицијално дознаваме, веднаш по враќањето во Македонија, планирано е официјално да го отвори целосно реконструираниот и модернизиран студентски дом „Гоце Делчев“ кој е веќе завршен.

П.С. кога го прашале претседателот на подмладокот на ДПМНЕ зошто не го одбележале Меѓународниот ден на младите тој возбудено рекол: Меѓународен ден на што?

XS
SM
MD
LG