Достапни линкови

logo-print

Неколку загинати во напади на воздушни бази во Пакистан


Неколку лица загинаа откако пакистанската полиција се судри со вооружени лица во две воздушни бази во југозападниот дел од земјата. Официјални лица соопштија дека се убиени најмалку шест бунтовници кои биле вооружени со автоматско оружје гранати а носеле и самоубиствени елеци.
Најмалку двајца полицајци се повредени во нападот. Локалните извештаи наведуваат дека се слушнале екслозии и пукање во воздушната база Самунгли на пакистанските воздушни сили како и бо друга воздушна база во градот Куета во регионот Балишистан кој се граничи со Авганистан и Иран. Пакистан во последниов период се соочи со неколку напади на аеродроми. Во јуни во напад на талибанците на аеродромот во Карачи загинаа 30 луѓе.

XS
SM
MD
LG