Достапни линкови

Нови воздушни напади против исламските бунтовници во Ирак


Американската војска соопшти дека нејзините авиони и безпилотни летала извршиле нови воздушни напади во северен Ирак против екстремистите од Исламска држава. Официјални претставници соопштија дека во нападите се уништени неколку возила на бунтовниците кои контролираат големи делови од северен Ирак и се во судир со силите од ирачкиот курдски регион.
Последните операции следуваат откако американскиот претседател Барак Обама рече дека нивните воздушни напади ги постигнале основните цели да го заштитат американскиот персонал во ирачкиот курдски град Ирбил и да ја разбијат опсадата на исламските бунтовници на планината Синџар.
Сунитските исламски бунтовници протераа бранови бегалци од малцинските христијански и Јазиди заедници.

XS
SM
MD
LG