Достапни линкови

Пет загинати во Египет на годишницата од крвавите демонстрации


Пет лица загинаа во Каиро за време на демонстрациите со кои се одбележа една година од смртта на стотици протестанти од Муслиманското братство. Владата соопшти дека протестанти и еден полицаец се убиени, а 13 други се повредени за време на судирите со безбедносните сили вчера. Протестите следуваат една година откако владините сили убија стотици поддржувачи на претседателот Мухамед Морси кој беше тргнат од функцијата со воен удар претходно. Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера 114 припадници на Муслиманското братство се уапсени низ Египет за протестирање и насилство. Муслиманското братсво се декларира како терористичка организација и нејзиното политичко крило беше забрането минатата недела.

XS
SM
MD
LG