Достапни линкови

Руски воени конвои влегле во Украина, јавуваат британски медиуми


Два британски весника јавуваат дека колона од руски воени возила влегла во Украина одвоено од конвојот од околу 250 руски камони кои Москва соопшти дека носеле хуманитарна помош. Дописниците на Гардијан и на Телеграф сведочат дека воен конвој ја поминал границата во близина на украинскиот град Донецк синоќа. Колоната од околу 23 оклопни транспортери била придружувана од логистички возила и користејќи земјен пат ја поминала границата низ дупка во оградата од бодликава жица, јавува Гардијан. Поминувањето се случило околу 22 часот по локално време. Украина и западните влади изразија загриженост дека Русија може да ги користи наводните конвои за помош за воен упад во источна Украина каде што проруските сепаратисти се борат со федералните сили.

XS
SM
MD
LG