Достапни линкови

Кредит од 1,7 милиони евра од Светска банка за Охрид


Целта на овај заем е финансирање на капитални инвестициски проекти за реконструкција на улици и два локални патни правци, како и набавка на специјални возила за ЈП Комуналец, вели градоначалникот Никола Бакрачески.

Кредит од Светска банка во висина од 1,7 милиони евра ќе земе Општина Охрид за да може да реализира основни инфраструктурни проекти за потребите на граѓаните. Рокот на отплата на овој заем ќе биде 13 години со грејс период од 3 години. Годишната рата би изнесувала околу 200 илјади евра. Последниот датум на отплата на заемот не треба да биде повеќе од 15-ти февруари 2030 година, вели градоначалникот Никола Бакрачески.

Целта на овај заем е финансирање на капитални инвестициски проекти за рехабилитација на некои локални улици и два локални патни правци, како и набавка на најсовремени специјални возила за ЈП Комуналец.

Архивска фотографија: Седница на Советот на Општина Охрид.

Архивска фотографија: Седница на Советот на Општина Охрид.

„Целта на овај заем е финансирање на капитални инвестициски проекти за рехабилитација на некои локални улици и два локални патни правци, како и набавка на најсовремени специјални возила за ЈП Комуналец. Со проектните активности предвидена е изградба на две раскрсници и тоа онаму каде што се вкрстуваат улица Туристичка со Македонски Просветители и другата раскрсница на улица Туристичка со Бистрица. Рехабилитација на површината на патиштата, реконструкција на коловозот, изградба на атмосферска канализација на осум улици и патишта“, вели Бакрачески.

Во изборната кампања на охридската јавност ѝ беше ветувано дека финансиските недостатоци во општинската каса ќе бидат пополнувани од централната каса бидејќи локалната и централната власт конечно се од иста партија. Од тоа ништо не излезе.

Од локалната велат дека станува збор за инвестиција која што никогаш досега во ваков размер и во ваков обем за релативно краток период не се случила во Охрид. Бакрачески вели дека врз база на пресметките во изминатите години, оваа каматна стапка никогаш не надминала повеќе од 2 отсто.

Намерата на претходниот градоначалник да подигне кредит по поволни комерцијални услови за да може негативата од општинската каса да биде анулирана, и покрај тоа што градскиот совет едногласно носеше одлуки, Министерството за финансии не даваше зелено светло, вели Томислав Тунтев, претседател на СДСМ Охрид. Тој прашува каде се ветувањата дека Охрид од државата ќе добие финансиска инјекција за да може да реализира капитални проекти.

„Во изборната кампања на охридската јавност ѝ беше ветувано дека ќе има финансиска помош, односно дека финансиските недостатоци во општинската каса ќе бидат пополнувани од централната каса бидејќи локалната и централната власт конечно се од иста партија па затоа централната власт ќе премине кон сериозно пополнување на финансиските дупки. Од тоа ништо не излезе, за да сега слушнеме дека од Светска банка по услови се планира да се земе кредит. На страна 11 од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ се наведени современа автобуска станица, затворен базен, пешачка патека, марина, затворен пазар. Во овие година и половина нема помош, а дури ни во државниот буџет не се предвидени пари од тоа“, рече Тунтев.

Она што не успеа локалната власт да го направи со пари од државата сега ќе мора да го направи со странски пари, вели Тунтев.

„Она што државата го прави на централно ниво со кредитно задолжување кое треба ние да го плаќаме, истата политика се спроведува и на локално ниво“, рече Тунтев.

XS
SM
MD
LG