Достапни линкови

Црвен крст остварил контакт со рускиот конвој


Рускиот хуманитарен конвој.

Рускиот хуманитарен конвој.

Црвениот крст соопшти дека остварил контакт со рускиот хуманитарен конвој кој се упати кон украинската граница. Од организацијата на твитер објавија дека првичниот контакт бил направен во регионот Ростов, кој се наоѓа до Луганск во источна Украина. Според нив, се уште не се разјаснети деталите за конвојот.

Руските власти не соопштија каде точно се упатил конвојот. Од Црвениот крст на твитер објавија и дека разговараат со украинските власти за тоа како операцијата ќе биде завршена.

XS
SM
MD
LG