Достапни линкови

logo-print

Судот ја потврди казната за Суарез, ама му дозволи да тренира


Луис Суарез

Луис Суарез

Арбитражниот суд за спорт ја потврди денеска одлуката за забрана од неиграње четири месеци за фудбалерот Луис Суарез. Но, судот му дозволи на Суарез да тренира со неговиот нов тим Барселона. Суарез е казнет поради гризање на спротивен играч за време на натпревар на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Според судот, забраната на ФИФА за било каква спортска активност за Суарез е прекумерна. Суарез не може да настапи за Барселона до 26 октомври и ќе пропушти осум натпревари со репрезентацијата на Уругвај.

XS
SM
MD
LG