Достапни линкови

ЕК одобри 107 милион евра за гасните капацитети во Грција


Европската комисија одобри финансиска помош од 107 милиони евра за обнова и изградба на пет гасни капацитети во Грција, објави весникот „Имерисија“.

Средствата, кои ќе бидат доделени од Европскиот фонд за регионален развој. Според проценките, за реализиација на петте проекти се потребни 551,6 милиони евра.

Енергетската зависност на Грција од Русија е голема и евентуалниот прекин или ограничен дотек на руски гас ќе предизвика огромни проблеми во работата на претпријатијата и во целата економија, смета претседателот на Здружението на трговско-индустриските комори во Грција, Константинос Михалос.

XS
SM
MD
LG