Достапни линкови

Повеќе прашања отколку одговори за листеријата


Илустрација.

Илустрација.

Едни институции нашле листерија, други не нашле. Тоа го збунува граѓаните и тие ја губат довербата во институциите.

Различните резултати за присуство на бактеријата листерија во вакуумираниот сецкан врат, создаде општа конфузија во јавноста. Луѓето се збунети и исплашени за своето здравје, особено откако од оваа бактерија се заразија девет луѓе, а четворица починаа. Домашните експерти велат дека конфузијата може да се смири само со прецизна и одговорна реакција од надлежните институции.

Една авторитетна институција да даде свое мислење и да го заклучи тој случај и да каже дека тоа е тоа и луѓето навистина да поверуваат дека нештото е така како што е.

„Една авторитетна институција да даде свое мислење и да го заклучи тој случај и да каже дека тоа е тоа и луѓето навистина да поверуваат дека нештото е така како што е“, изјави универзитетскиот професор Илија Ацески.

Економистите, пак, укажуваат на негативните последици врз целата месна индустрија. Иако ефектите нема да бидат долгорочни и се однесуваат на една или две конкретни месни индустрии, луѓето ќе бидат претпазливи и не верувам дека барем во овој период би купувале месни производи, вели професор Марија Зарезанкова-Потевска.

Факт е дека во моментов ќе има еден застој во месната индустрија, ќе има негативен ефект во секој случај, но треба точно да се знае причинителот за да не бидат осудени сите. Да се делува брзо, ефикасно и точно да се каже за што станува збор, за кого и тој да се осуди и казни.

„Факт е дека во моментов ќе има еден застој во месната индустрија, ќе има негативен ефект во секој случај, но треба точно да се знае причинителот за да не бидат осудени сите. Да се делува брзо, ефикасно и точно да се каже за што станува збор, за кого и тој да се осуди и казни“, вели таа.

Различните информации кои граѓаните ги добиваат оставаат простор за сомнеж и потврдуваат дека луѓето немаат рационален однос кон институциите и дека тие ја губат довербата во нив, вели професор Ацески.

„Тоа создава една би рекол ментална конфузија кај обичните луѓе, една непријатна ситуација, не знам сега дали да верува или да не верувам, тоа е проблемот“, изјави Ацески.

Она на што укажува Потевска е потребата од редовни санитарни контроли во фабриките и погоните за производство на месни продукти.

„Дали е во ред да не се прави проверка на големата индустрија, како што е оваа за која сега се зборува. Значи, тука отидоа човечки животи“, вели таа.

Изворот на листеријата сè уште е непознат, особено откако резултатите од Агенцијата за храна и ветеринарство покажаа дека нема листерија во вратот на месната индустрија „Екстра меин“, додека, пак, Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство покажа дека бактеријата е пронајдена во сецканиот свински врат земен од малопродажба во Гевгелија и дека таа 98 отсто е генетски идентична со бактеријата најдена кај луѓето. И натаму нема одговор на прашањето од каде потекнува опасната бактерија и колкав е ризикот од нови случаи на заболени.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG