Достапни линкови

Хакиран твитер профилот на Медведев


Руската влада соопшти дека твитер профилот на премиерот Дмитриј Медведев бил хакиран.

Се наведува дека последните твитови испратени од профилот на Медведев се лажни. На еден од нив пишува дека Медведев се срами од активностите на владата и дека требал да поднесе оставка.

Никој досега не ја презеде одговорноста за пробивањето на твитер профилот на Медведев.

XS
SM
MD
LG