Достапни линкови

И покрај примирјето, повторно бомбардирање во Појасот Газа


Израелски авиони бомбардираа цели во Појасот Газа во знак на одмазда за ракетните напади што ги изведе Палестина и покрај договорот за примирје. Насилството му се заканува на петдневниот прекин на огнот, кој доцна на 13 август го постигнаа израелски и палестински официјални лица со посредство на Египет. Воздушните напади од Израел уследија откако беа истрелани неколку ракети од Газа во Израел. Претставници на Хамас изјавија дека не се одговорни за ракетниот оган. Повеќе од 1.950 Палестинци и 67 Израелци загинаа во борбите од 8 јули.

XS
SM
MD
LG