Достапни линкови

logo-print

Северна Кореја истрела проектили додека папата е во Сеул


Папата Френсис пристигна во Сеул.

Папата Френсис пристигна во Сеул.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрела три проектили со краток опсег во морето во време кога папата Френсис пристигна во Сеул на историска посета.

Официјален претставник на министерството изјави дека проектилите биле истрелани денеска на еден час пред папата дс биде пречекан од јужнокорејската претседателка Парк Геун Нуе. Ова е прва посета на еден папа на Јужна Кореја во последните 25 години. При пристигнувањето папата Френсис изјави дека мирот на Корејскиот полуостров секогаш има место во неговото срце. Папата е во петдневната посета на Јужна Кореја, каде што 10 отсто од населението се католици. За летот на папата беше дозволено да се користи кинескиот воздушен простор за прв пат. Кина не одржуваше односи со Ватикан откако комунистите ја презедоа власта во 1949 година.

XS
SM
MD
LG