Достапни линкови

Расни протести во Мисури откако полицаец уби црн тинејџер


Полицијата во американската држава Мисури употреби солзавец за да ги растури демонстрантите што протестираат поради убиството на тинејџер-црнец. Црните жители на градот Фергусон протестираат четири дена, откако полицаец на 9 август го застрела 18-годишниот Мајкл Браун. Околу 40 луѓе биле уапсени на демонстрациите. Полицијата соопшти дека убиениот се борел со полицаец во полициско возило, но очевидци велат дека невооружениот Браун бил застрелан неколку пати додека бегал од полицаецот. Лидерите на малцинствата дојдоа во Фергусон, каде што две третини од населението е црно, да се обратат на протестите. Властите го суспендираа полицаецот што го застрела момчето, но не го соопшти неговиот идентитет, поради, како што рекоа, физички закани против него. Претседателот Барак Обама повика протестите да бидат мирни.

XS
SM
MD
LG