Достапни линкови

Рамковен договор - Придобивка или нужно зло


Не може да очекуваме важен напредок во активното проширување на оваа рамка додека една страна тоа го гледа како добивка, а другата страна како едно нужно зло, рече вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери.

Годинашната дебата по повод годишнината од донесувањето на Рамковниот договор што ја организираше Секретаријатот за имплементација на Рамковниот договор при Владата се обиде да стави акцент на една од неговите подзаборавени цели, а тоа е отворање на патот кон ЕУ и НАТО преку создавање на едно функционално мултикултурно, но на крајот и пред сè граѓанско општество.

Не може да очекуваме важен напредок во активното проширување на оваа рамка додека една страна тоа го гледа како добивка, а другата страна како едно нужно зло.

Прашањата што по 13 години, според дебатата, очигледно сè повеќе се наметнуваат и ја оставаат дилемата неразрешена се поделбите во самиот поглед врз договорот како придобивка или нужно зло и прашањето на квантитетот наспроти квалитетот на имплементацијата или што е позначајно за постигнувањето на крајната цел.

„Со други зборови, не може да очекуваме важен напредок во активното проширување на оваа рамка додека една страна тоа го гледа како добивка, а другата страна како едно нужно зло. Треба да градиме една заедничка визија за тоа што претставува овој документ и до каде неговиот дух влијае во нашето општество“, посочи вицепремиерот за имплементација на Рамковниот договор Муса Џафери.

Од становиштето на суштинската цел, создавање на хармонично, граѓанско, демократско општество, морам да кажам дека тој процес скоро како и да не е започнат.

Професор Владо Поповски, како еден од креаторите на Рамковниот договор, инсистира на трајноста на рамката или доживување на договорот како модел за постигнување консензус на дневна основа по сите прашања што се наметнуваат, што, како што рече, води низ градење менталитет на лојалност кон законот и кон државата, а не кон партијата.

Муса Џафери, вицепремиер за Рамковен договор.

Муса Џафери, вицепремиер за Рамковен договор.

„Од становиштето на суштинската цел, создавање на хармонично, граѓанско, демократско општество, морам да кажам дека тој процес скоро како и да не е започнат. Тој процес зависи од режимот на власта, тој процес зависи од карактеристиките на политичкиот систем и мислам дека на тој план проблемите се најголеми, дека се изолираме едни од други“, вели Поповски.

Од ДУИ кога говорат за духот, мислат за некој добар дух, како Каспер од цртаните филмови, а од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ има некоја улога на истерувач на духови.

На дебатата ниту денеска не присуствуваа претставници од најголемата владејачка партија, ВМРО-ДПМНЕ, што заедно со однесувањето на ДУИ како главен заштитник на договорот зборува за тоа дека преку него владејачките партии остваруваат политички поени, констатира поранешниот премиер, Владо Бучковски.

„Од ДУИ кога говорат за духот, мислат за некој добар дух, како Каспер од цртаните филмови, а од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ има некоја улога на истерувач на духови“, рече тој.

Неговата имплементација зависи од политичките елити и како последица на нивното однесување нашето општество денеска е длабоко поделено, посочи Бучковски.

На дебатата беше посочено и дека е неопходно на Рамковниот договор да се гледа како на стратешки документ кој треба да ги надмине локалните и дневните интереси. Амбасадорот на ОБСЕ посочи дека патот на имплементацијата води низ младите и образовниот систем, а амбасадорот на САД дека придобивките од Рамковниот не треба да се занемаруваат бидејќи се многу видливи, но и оти е потребно поголемо трпение за да се постигнат сите зацртани цели преку неговото донесување.

„Темелот на една просперитетна држава се нејзините млади и токму затоа образованието е клучна работа“, рече амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет.

„Лесно е да се превидат ваквите подобрувања, меѓутоа ако размислиме за ситуацијата овде во Македонија пред 13 години, може да видиме и не смееме да одречеме дека имаше позитивни резултати и промени коишто се случија од тогаш“, рече американскиот амбасадор Пол Волерс.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG